Арсенал ја испратил првата понуда за крилниот напаѓач на Јувентус, Дејан Кулушевски. Од „Емирати“ имаат голема желба да го привлечат Кулушевски во својот состав и веќе почнале да работат на таков договор, пренесува „Ла Република“.
Понудата на Арсенал е вредна 30 милиони евра, плус уште 5 милиони во вид на бонуси. Понудата е нешто пониска од цената што ја одреди Јувентус. Клубот од Торино сака да добие 40 милиони за да се раздели со Кулушевски. 21-годишниот талентиран играч беше привлечен од Аталанта во јануари 2020 година за 35 милиони евра, но беше оставен да ја заврши сезоната во Парма на позајмица. Следната сезона, Кулушевски одигра 47 натпревари и постигна 7 гола за „Старата дама“.
За време на тековната сезона, сепак, неговата форма драстично опадна. Има одиграно 17 натпревари и досега има само 1 гол. Затоа „бјанконерите“ се подготвени да преговараат за негова продажба, но само доколку добијат доволно добра сума.

