Со победата од 3:2 над Аталанта, шпанскиот тим Виљареал стана последниот учесник во осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Жолтата подморница“ заврши на второто место во групата „Ф“ по Манчестер Јунајтед и ќе биде меѓу второпласираните екипи во ждрепката за следната фаза, која ќе биде извлечена на 13 декември (понеделник) во 12 часот.
Еве го список на сите екипи кои ќе играат во осминафиналето:
Првопласирани: Ајакс (Холандија), Баерн Минхен (Германија), Јувентус (Италија), Ливерпул (Англија), Лил (Франција), Манчестер Сити (Англија), Манчестер Јунајтед (Англија), Реал Мадрид (Шпанија)
Второпласирани: Атлетико Мадрид (Шпанија), Бенфика (Португалија), Челзи (Англија), Интер (Италија), Пари Сен Жермен (Франција), Ред Бул Салцбург (Австрија), Спортинг Лисабон (Португалија), Виљареал (Шпанија).
Четвртфиналето ќе се игра во два натпревари – дома-гости, а во реваншот домаќини ќе бидат подобро пласираните екипи.
Термините за првите натпревари се 15/16/22/23 февруари, а за реваншите – 8/9/15/16 март. Екипите од иста земја и иста група не можат да играат едни против други.
Ждрепката за четвртфиналето, полуфиналето и финалето ќе биде извлечена на 18 март.

