Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Артета го сака Ричарлисон во нападот на Арсенал
    Фудбал

    Артета го сака Ричарлисон во нападот на Арсенал

    risteBy riste10/12/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Арсенал, Микел Артета сака да го привлече во клубот напаѓачот на Евертон, Ричарлисон, пишуваат медиумите во Англија.

    Шпанскиот тренер е импресиониран од квалитетите на Бразилецот, кој беше еден од најдобрите на теренот на мечот меѓу Евертон и Арсенал (2:1), постигнувајќи еден од головите за Евертон, но постигна уште два кои беа поништени. На „Емирати“ итно бараат квалитетен напаѓач за да ја зголеми конкуренцијата во нападот. Ѕвездата и капитен на тимот Пјер-Емерик Обамејанг не е во вообичаената форма од почетокот на сезоната.

    Неговиот колега во нападот Александре Лаказет е пред завршување на договорот и голема е веројатноста да биде продаден во јануари. Затоа Артета сака клубот да се засили со квалитетен напаѓач, а Ричарлисон секако спаѓа во оваа категорија. Сепак, привлекувањето на бразилскиот репрезентативец на „Емирати“ нема да биде лесна задача. Сигурно ќе бараат од Евертон сериозна сума за една од најголемите ѕвезди во тимот. Во моментов неговата пазарна цена е 55 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.