Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Фирмино се враќа на тренинг по повредата на почетокот на ноември
    Фудбал

    Фирмино се враќа на тренинг по повредата на почетокот на ноември

    risteBy riste10/12/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино продолжува со тренинзи, објавија од Ливерпул. Бразилецот заработи повреда при победата од 2:0 над Атлетико Мадрид на почетокот на ноември, поради што ги пропушти следните седум натпревари на својот тим.

    И покрај неговото отсуство, Ливерпул во овој период оствари шест победи. За неколку дена тројца од играчите на кои Јирген Клоп не можеше да смета во последно време поради разни повреди се вратија и сега му се достапни на Германецот. Покрај Фирмино, тоа се Наби Кеита и Џо Гомез. Ливерпул утре и гостува на Астон Вила, а потоа ќе се сретне со Њукасл на 16 декември.

    Потоа следува период во кој тимот мора да одигра шест натпревари за 16 дена. Згора на тоа, по мечот против Лидс на „Боксинг деј“, Ливерпул мора да ослободи две свои големи ѕвезди – Мохамед Салах и Садио Мане поради учеството во Африканскиот куп.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.