Напаѓачот, Ентони Марсијал, сака да го напушти Манчестер Јунајтед во текот на зимава, најави неговиот агент задолжена за трансфери, Филип Ламболи.
„Ентони сака да го промени клубот додека трае зимскиот преоден рок. Тој сака да биде на теренот. Набрзо ќе разговараме со раководството “ – изјави Ламболи за – „Скај Спортс“.
Марсијал во 2015-та за 60 милиони евра го напушти Монако и се пресели во редовите на „црвените ѓаволи“. Неговиот договор со клубот е валиден до 30 јуни во 2024-та. Според интернет порталот – „Трансфермаркт“, пазарната вредност на играчот е 35 милиони евра.
