Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, категорично одби да ја коментира изјавата на агентот Мино Раиола, кој ги наведе „граѓаните“ како еден од четирите клубови во кои ѕвездата на Борусија (Дортмунд), Ерлинг Холанд, би можел да ја продолжи кариерата.
Додека еден од новинарите присутни на прес-конференцијата почна да му поставува прашање за изјавата на Рајола, менаџерот на Сити рече: „Следното прашање. Не ме прашувајте за тоа бидејќи нема да одговорам“.Гвардиола потоа го коментираше утрешниот натпревар на неговиот тим против Вулверхемптон.
„Волците имаат неверојатна сезона. Ние, пак, сакаме да ја продолжиме нашата добра серија во Премиер лигата“ – вели Гвардиола.

