Веселин Вујовиќ го напушти кормилото на Вардар по катастрофалната серија од седум порази во Лигата на ракометните шампионите.
Со тоа заврши и третиот мандат за миленикот на „Комитите“ кој беше на клупата кај „црвено-црните“од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013 година.
Според информациите, соработката е прекината спогодбено.

