Тренерот на шпанскиот шампион Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, посебно му честиташе на градскиот ривал Реал за победата во големото дерби со 2:0 на „Сантијаго Бернабеу“.
Тренерот на „јорганџиите“ изјави дека му се допаѓа стилот на тимот предводен од Карло Анчелоти.
„Агресијата и упорноста се една од најважните компоненти во модерниот фудбал. Во нив Реал е беспрекорен. Имавме шанси на почетокот на вториот дел, но потоа противникот постигна одличен гол за 2:0“, изјави Симеоне.
„Во натпреварот влеговме по големото психолошко оптоварување кое го придружуваше гостувањето кај Порто“, дополни Симеоне.