Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Лорис подготвен да остане во Тотенхем до крајот на својата кариера
    Фудбал

    Лорис подготвен да остане во Тотенхем до крајот на својата кариера

    risteBy riste14/12/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис е подготвен да потпише нов долгорочен договор со клубот. Актуелниот договор на 34-годишниот Французин е до летото 2022 година, а со тоа се очекуваше тој да ги напушти Тотенхем следното лето.

    Сепак, „Football Insider“ тврди дека ветеранот се предомислил и е подготвен да остане во Тотенхем до крајот на својата кариера. Лорис се чувствува среќен во Лондон и нема желба да ја промени ситуацијата. Тоа лошо би се одразило на неговото семејство, а особено на неговите деца, кои ќе мора да го сменат училиштето и целосно да ги сменат своите навики.

    Покрај тоа, ветеранот е импресиониран од новиот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте и е нестрплив да продолжи да работи со него во иднина. Тој е убеден дека Италијанецот има квалитети да го води Тотенхем до многу трофеи во наредните години. Лорис е во Тотенхем од 2012 година, кога се пресели од Олимпик Лион. Тој ја игра својата десетта сезона за клубот, со 388 настапи во сите натпреварувања досега, но се уште нема освоено трофеј со Тотенхем, играјќи две финалиња во Лига купот и едно финале во Лигата на шампионите. Тој е и стартен голман на француската репрезентација со 136 натпревари на своето конто.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.