Баерн (Минхен) ќе биде без фудбалерите од средниот ред Леон Горецка и Корентин Толисо на денешното гостување кај Штугарт во рамките на новото коло во Бундес- лигата.
Толисо има проблеми со мускулите иако тренерот, Џулијан Нагелсман, претходно изјави, дека нема сериозен проблем. Горетска продолжува со опоравувањето од повредата на коленото. Младиот Џамал Мусиала кој ја повреди раката на саботниот меч со Мајнц 05 ќе може да игра со заштитна обвивка.
Баварците во моментов се лидери на табелата со 6 бодови предност во однос на Борусија Дортмунд. која утре ќе игра со Гројтер Фурт.

