Вејн Руни, кој моментно е менаџер на второлигашот Дерби Каунти, е еден од кандидатите да го наследи Рафа Бенитез на кормилото на Евертон. Во последните десет натпревари под водство на Бенитез, Евертон забележа една победа, седумпати загуби и двапати ремизираше.
Извори од клубот велат дека раководството на Евертон има неформален договор со Руни во случај Бенитез да не успее да ја поправи ситуацијата.
Во ноември 2020 година, Руни стана вршител на должноста главен тренер во Дерби Каунти, а во јануари 2021 година потпиша целосен договор со клубот, каде ја заврши својата професионална кариера.

