Последниот четврфинален дуел од Купот на Македонија во фудбал меѓу екипите на Пелистер и Вардар, кој требаше да се игра на 1 декември, но поради временските услови и лошиот терен беше презакажан, ќе се одигра денеска. Под „Тумбе кафе“ следува едно од најголемите дербија на домашната спортска сцена, иако годинава и Пелистер и Вардар се далеку од своите најславни денови.
Фактот дека Пелистер е последен на табелата во ПМФЛ, а Вардар дури трет во ВМФЛ – ЗАПАД, сепак, не треба да ја намали ниту важноста на дуелот, ниту ривалиетот на двата тима. Пелистер и Вардар досега имаат 54 меѓусебни дуели, битолчани имаат 9, Вардар 31 победа, а на 14 меча немало победник.

