Фудбалерите на Арсенал ја направија и петата победа во серија на домашен терен и влегоа за прв пат во сезонава во Топ 4 во Премиер-лигата на Англија.
Избраниците на Артета доцна синоќа заслужено славеа во градското дерби против Вест Хем со 2-0 со головите на Мартинели и Смит. Домаќинот можеше да оствари и поубедлива победа, но, Лаказет пропушти неколку добри шанси а промаши и пенал во 69-та минута.
„Топчиите„ сега се наоѓаат на 4-то место на табелата со 29 бодови. Лидер е Манчестер Сити со 41 бод пред Ливерпул со 37 и Челзи со 36 бодови.

