Вечерва во Нион се одржа ждрепката за третото издание на УЕФА Лигата на нации. Сите 55 членки на европската фудбалска заедница се поделени во четири лиги и денес ги дознаа противниците во групната фаза.
Македонија ќе игра во Групата 4 од Лигата Ц, каде ќе биде дел од група заедно со Грузија, Гибралтар и Бугарија.
ЛИГА А:
Група 1: Австрија, Хрватска, Данска, Франција
Група 2: Чешка, Швајцарија, Португалија, Шпанија
Група 3: Унгарија, Англија, Германија, Италија
Група 4: Велс, Полска, Холандија, Белгија
ЛИГА Б:
Група 1: Ерменија, Ирска, Шкотска, Украина
Група 2: Албанија, Израел, Русија, Исланд
Група 3: Црна Гора, Романија, Финска, Босна и Херцеговина
Група 4: Словенија, Србија, Норвешка, Шведска
ЛИГА Ц:
Група 1: Литванија, Фарски Острови, Луксембург, Турција
Група 2: Косово, победник од дуелот Кипар/Естонија, Грција, Северна Ирска
Група 3: Азербејџан, победник од дуелот Казахстан/Молдавија, Белорусија, Словечка
Група 4: МАКЕДОНИЈА, Грузија, Гибралтар, Бугарија
ЛИГА Д:
Група 1: Андора, Летонија, поразен од дуелот Казахстан/Молдавија, Лихтенштајн
Група 2: Сан Марино, поразениот од дуелот Кипар/Естонија, Малта
Репрезентациите ќе играат со сите противници од групата на домашен и гостински терен во јуни и септември 2022 година. Четири од шесте натпревари ќе бидат во јуни поради зимскиот распоред на Светското првенство во фудбал во Катар.
Четирите победници на групите во Лигата А ќе се пласираат во нокаут-финалето во јуни 2023 година. Победниците на групите во другите три лиги ќе бидат промовирани за натпреварувањето во 2024/25 година.
Распоред на натпревари:
Коло 1 и 2: 2–8 јуни 2022 година
Коло 3 и 4: 8–14 јуни 2022 година
Коло 5 и 6: 22–27 септември 2022 година
Полуфиналиња: 14 и 15 јуни 2023 година
Финале и натпревар за трето место: 18 јуни 2023 година
Плеј-аут: 21–23 и 24–26 март 2024 година
Форматот за квалификациите за Европското првенство 2024 сè уште не е потврден, што значи дека засега не се познати детали за тоа како репрезентациите би можеле да се изборат за места во плеј-офот преку претстојното издание на УЕФА Лигата на нации.

