Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: „Ги респектираме противниците, ние мора да бидеме на ниво на секој натпревар“
    Фудбал

    Милевски: „Ги респектираме противниците, ние мора да бидеме на ниво на секој натпревар“

    risteBy riste16/12/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците за новата сезона во Лигата на нации, трета откако е формирано ова натпреварување од страна на УЕФА.

    Нашите фудбалери во групната фаза ќе играат во Лига-Ц и во групата 4 ќе се соочат со селекциите на Бугарија, Грузија и Гибралтар, а селекторот Благоја Милевски во изјава за Спортско радио 90,3 ФМ истакна дека групата не е ни најмалку лесна и дека ги чека сериозни натпревари против квалитетни селекции.

    „Групата е тешка, не можете да кажете за ниедна репрезентација дека е лесен противник или тежок, значи сите мора да ги респектирате и да влезете максимално доколку скаатае да имате позитивни резултати. Во нашата група с ерепрезентации кои се сериозни  и нема да има однапред запишани бодови. Нѐ очекуваат сериозни натпревари. Грузија е репрезентација против која игравме многу неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра нерешено против Европскиот првак, Италија, а тоа значи дека бележи значителен напредок, додека Гибралтар секако не е истата селекција од првото издание на Лига на нации кога се соочивме во иста група. Македонија мора да биде на највисоко ниво на секој натпревар.

    Денешниот фудбал едноставно, не трпи поинаков пристап. Еден од проблемите е тоа што во јуни од 2 до 14 ќе треба да одиграме 4 натпревари, а е крај на сезона и фудбалерите ќе бидат уморни, но како е за нас така е и за другите. За разлика од тогаш кога преку Лигата на нации се пласиравме на ЕП, сега ќе биде потешко затоа што сега сме во Лига – Ц и противниците се многу посилни и квалитетни“ истакна селекторот Милевски во разговорот во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.