Премиер-лигата одложи дури пет мечеви кои требаше да бидат одиграни во текот на викендот откако рапидно се зголеми бројот на заболени со Ковид-19 во клубовите.
Тоа се пресметките: Мачестер Јунајтед – Брајтон, Саутемптон – Брентфорд, Ватфорд – Кристал Палас, Вест Хем – Норвич и Евертон – Лестер.
Засега според распоредот треба да се реализираат средбите: Астон Вила – Барнли, Лидс – Арсенал, Вулверхемптон – Челзи, Њукасл – Манчестер Сити и Тотенхем – Ливерпул.
