Единсон Кавани, пак, е многу блиску до заминување од Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок.
34-годишниот Уругваец решил да ја прифати понудата на Барселона. Кавани сака во јануари да потпише договор со каталонскиот клуб кој најверојатно ќе биде во важност од само 6 месеци и ќе трае до крајот на сезоната.
Забележано е дека Кавани имал понуда од Бока Јуниорс, но Уругваецот ја одбил во корист на Барса. Единсон има 1 гол на 5 натпревари во Премиер лигата оваа сезона.

