Играчот од средниот ред на РБ Лајпциг и Шведска, Емил Форсберг ќе биде надвор од терените околу два месеци поради повреда на бутот.
Шведскиот играч беше заменет за време на натпреварот на Лајпциг против Арминија Билефилд (0:2).
„Играчот се пожали на болка во колкот, дополнителните тестови покажаа оштетување на левиот бутен мускул во пределот на колкот. Сега Емил ќе пропушти најмалку 8 недели“, објавија на официјалниот сајт на клубот.
Сезонава Емил Форсберг одигра 25 натпревари за Лајпциг во сите натпреварувања, шест пати постигна гол и двапати асистираше на своите соиграчи. Швеѓанецот настапува за германскиот клуб од 2015 година кога се пресели од Малме. По 17 кола Лајпциг со 22 бода е на 10. место во Бундеслигата. На 8 јануари, избраниците на Доменико Тедеско ќе гостуваат на Мајнц.

