Eкипата на Тотенхем нема да може да ги продолжи натпреварите од Конференциската лига откако денес УЕФА донесе одлука неодиграниот натпревар со Рен да го регистрира со службена победа на францускиот тим со 3:0.
Бидејќи немаше простор за одигрување, УЕФА најави дека исходот на мечот ќе го изнесе на „зелена маса“. Според правилата, Европската фудбалска федерација немаше друг избор освен одлуката која ја донесе.
На Тотенхем му е запишан службен пораз од 3:0 за пресметката на деветти декември против Рен. Како клуб поради кој дојде до одложување на натпреварот, одлуката на УЕФА не беше многу тешка. За Тотенхем тоа значи елиминација од Конференциската лига, а од второто место во групата и на дуел со Рапид Виена ќе оди Витесе. Иако во Лондон со сигурност не посакуваа вака рана елиминација од Европа, сепак не изгледаа ниту премногу заинтересирани за натпреварувањето, а ниту за исходот на одложениот дуел со Рен.

