Фенербахче остана без тренер откако Витор Переира доби отказ. Договорот на португалскиот стручњак беше раскинат поради лошите резултати од почетокот на сезоната. За 53-годишниот Переира ова беше втор период на кормилото на „фенер“ по оној меѓу 2015 и 2016 година.
Турскиот гигант е на 5. место во турскиот шампионат со 14 бода зад лидерот Трабзонспор.

