Играчот од средниот ред на Фиорентина, Лукас Тореира наскоро ќе стане сопственост на „виолетовите“. Тој игра на „Артемио Франки“ како позајмен од Арсенал, но со своите игри ги убеди „виолетовите“ да го задржат.
Во договорот меѓу двата клуба постои опција за откуп и Фиорентина ќе ја искористи. Клубот има подготвено договор за Уругваецот до 2027 година кој ќе добива плата од 3 милиони евра по сезона.

