Сирискиот фудбалер Фирас Ал-Хатиб бил исфрлен од националниот тим, откако играл на ревијален натпревар сона кој бил присутен и тренер од Израел.
Сирискиот олимписки комитет објави дека Ал-Хатиб е исклучен од Националниот олимписки комитет и генералната спортска федерација поради „кршење на вредностите и идеалите на организацијата и отстапување од нејзините национални принципи“.
Во ревијалниот натпревар на Арапскиот куп на ФИФА поранешни фудбалери од арапските земји и од целиот свет заигра заедно под водство на популарни тренерски имиња. Селекцијата на светот била предводена од некогашниот менаџер на Челзи, Израелецот Аврам Грант. Тројца алжирски фудбалери се повлекоа од натпреварот, а голем број арапски играчи ги избришаа израелските знамиња од своите дресови во знак на протест против вмешаноста на Грант.

