Фудбалската федерација на Македонија е дел од заедничката кампања на Европската унија и Советот на Европа фокусирана на борбата против говорот на омраза. Препознавањето на омразата во нашето општество е првиот чекор за борба против истата, како и да нé освести дека дури и најмалите гестови или постапки во нашето секојдневие се важни за да се обезбеди толеранција и почитување и да се дојде до крајната цел, а тоа е мир и помирување во нашето општество.
Филип Поповски, генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија го истакна значењето и потребата од силна заложба фокусирана на борбата против говорот на омраза
„Цврсто ја нагласуваме нашата заложба за славање на инклузивноста и различноста. Нашата игра зближува различни националности и вероисповеди. Тоа значи ширење на пријателство, еднаквост и промовирање на здрав начин на живот и спортска култура. Ги охрабрувам сите млади, но и повозрасните активно да се вклучат во кампањата и да ја пренесуваат пораката на овој проект за присуство на мирот, пријателството и еднаквоста на спортските терени, како и во секојдневниот живот“, истакна Поповски.

