Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид покажува интерес за дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, информира „Дејли мејл“. Во обид да ја засили одбраната, Реал се заинтересирал за резервистот во составот на Јирген Клоп.
24-годишниот Англичанец веќе подолго време беше надвор од терените поради повреда, па затоа и одигра само три комплетни меча досега.
Гомез не е единствената опција за засилување на дефанзивата на Реал Мадрид. Кралскиот клуб како опција ги има и Антонио Рудигер (Челзи), Жил Кунде (Севиља) и Пау Торес (Виљареал).

