Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле ќе се согласи да го продолжи договорот со клубот, објавија медиумите во Шпанија.
Французинот се уште не ги договорил сите детали од новиот договор, но не сака да си замине од клубот. Дембеле игра за Барселона од 2017 година, каде се пресели од Борусија Дортмунд за 135 милиони евра. Договорот на играчот со Барселона е до 30 јуни 2022 година. Според интернет порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 50 милиони евра.
Во актуелната сезона од шпанската Ла Лига, Дембеле учествуваше во пет натпревари и постигна две асистенции. Исто така Осман Дембеле има одиграно три натпревари во Лигата на шампионите.

