Поради неколку инфекции со корона-вирус во тимот, натпреварот на Астон Вила со Барнли минатиот викенд мораше да биде одложен, процени тренерот, Стивен Џерард. Тој рече дека би било „кошмар“, доколку клубот мора да одигра два натпревара за само дена со 14 играчи на располагање.
„Во текот на викендот имавме ситуација кога еден од играчите не сакаше да излезе од автомобилот бидејќи имаше симптоми. Јас целосно го разбирам тоа” – изјави Џерард.
„Никој не сака да се зарази со вирусот. За среќа, подоцна беше тестирањето и не беше заразен. Луѓето не се свесни каква е ситуацијата. Наша одговорност е да ги слушаме играчите“ рече тренерот на Астон Вила.

