Бразилската фудбалска легенда Пеле е отпуштен од болница, но ќе продолжи да се лекува од туморот на дебелото црево. 81-годишниот крал на фудбалот, беше примен во болница на 8 декември. Подоцна неговата ќерка Кели Насименто изјави дека хоспитализацијата била планирана.
Претходно, Пеле беше опериран за отстранување на тумор на дебелото црево. Набргу по операцијата, екс-фудбалерот бил префрлен на редовно одделение, а самиот рекол дека се чувствува добро.

