Шпанската телевизиска станица Ел Чирингито, објави информација дека преставници на Барселона се интересираат за нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.
Одличните настапи на Димитриевски во Ла Лига оваа сезона во која статистички е најдобар голман во шпанското првенство, сериозно го свртеа вниманието на каталонскиот гигант кон голманот на Рајо Ваљекано.
Останува да се почека некаква конкретна акција која би можела да доведе до трансфер на Димитриевски на „Камп Ноу“.