Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, потенцираше дека негова најголема победа во годинава што одминува е спречувањето да се формира така наречената „Супер-лига“.
„Обидот да се создаде затворено натпреварување на кое единствена цел беше да се наполнат банкарските сметки на одреден број на клубови, се закануваше да го разруши европскиот спортски модел и мисијата на УЕФА“ – рече Чеферин.
„Во циклусот 2020-2024, приходите од Евро кои изнесуваат 775.5 милиони евра ќе бидат распоредени во фудбалската пирамида“ – додава Чеферин.

