Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Џорџињо Вајналдум, има реална шанса да се врати во Премиер-лигата во редовите на Ливерпул, најавија денеска дел од медиумите.
Тој не е задоволен од времето што го поминува на теренот и затоа размислува да го напушти -„Паркот на принцовите“.
Црномурестиот фудбалер кој има трансферна вредност од 25 милиони евра, во сезонава има одиграно 22 меча со ефект од три гола и една асистенција.

