Поранешниот капитен на Челзи, Џон Тери ќе се врати во клубот. Според „Атлетик“, Англичанецот ќе работи во младинската академија на лондончани и ќе им помага на младите играчи на Челзи.
41-годишниот Тери летото го напушти стручниот штаб на Астон Вила. Се најавува дека поранешниот дефанзивец бил заинтересиран за слободни места во клубовите од Премиер лигата и Чемпионшип, но не добил никакви понуди.
Тери ќе работи за Челзи хонорарно, а се очекува во блиска иднина да добие тренерска работа во една од двете врвни дивизии во Англија.
Исто така, се истакнува дека теренот за враќање на Тери го подготвиле поранешните играчи на Челзи кои работат во структурата на клубот – Петр Чех и Карло Кудичини, како и директорот на академијата Нил Бат.
