Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез е на списокот на желби на Манчестер Јунајтед. Тимот од „Олд Трафорд“ го сака аргентинскиот голман како потенцијална замена за Шпанецот Давид де Геа, објави „Дејли Стар“.
Според истиот извор, скаутите на Манчестер Јунајтед неколку пати го гледале настапо на 29-годишниот голман и веруваат дека тој може да стане идниот број еден на „Олд Трафорд“. Давид де Геа, кој сега е прв голман на Манчестер Јунајтед, може да го напушти клубот пред да му истече договорот во 2023 година. Доколку тоа се случи, сопствениците на Јунајтед ќе размислат за купување на Мартинез.
Сезонава Мартинез, кој со Аргентина го освои Купот на Америка во текот на летото, одигра 16 натпревари во Премиер лигата, прими 22 гола, но имаше и пет „чисти мрежи“.

