Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не ги обвини своите играчи, иако примија 3 гола за 10 минути во победата над Лестер со 6:3. Тој сепак ги пофали своиите фудбалери за одиграниот натпревар и покажаната ефикасност.
„Беше добар натпревар за гледање и стигнавме до нови три бода, одиме напред. Квалитетот на играчите што ги имаме ни создаде толкав број можности за гол. Нема менаџер и тактика што може да го направи ова без талент“, изјави Гвардиола.
„Беше чудно. И при 4:0 во првото полувреме секогаш кога ја имаа топката стигнуваа до нашиот шеснаесетник. Многу се движеа, мајстори се за контранапади. Во второто полувреме направија измени. Натпреварот беше многу опасен. Не игравме како што треба по паузата, Рубен Диас не беше агресивен бидејќи доби жолт картон. Затоа беше повнимателен“, додаде Гвардиола.

