Поранешниот тренер на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, кој сега седи на кормилото на англискиот Тотенхем, не крие дека внимателно ги следи настапите на италијанскиот тим со кој имаше успешни сезони.
„Среќен сум за континуитетот и играта што ја покажува Интер. Имам само комплименти за нив“ – вели поранешниот тренер на „нероаѕурите“.
„Можеби, еден ден ќе се вратам во Италија“ – потенцираше Конте без да прецизира дали тоа ќе биде повторно екипата од Милано.