Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не престанува со критиките кон ФА и Премиер-лигата кои остануваат на првичниот распоред да се игра на секои два дена и тоа во период кој изобилува со празнични денови.
„Не е во ред да се игра фудбал на 26-ти и на 28-ми декември. Мислам дека може да се најде решение, не е толку тешко“ – вели германскиот тренер.
„Најдобрата и најтешката лига во светот е единствената во која имате право на три измени, на секое друго место има по пет. Тоа не е добро“ – потенцираше менаџерот на „црвените“.

