Ирвинг Лозано е уште еден фудбалер кој е заразен со коронавирус во Наполи. „Ирвинг Лозано беше позитивен на КОВИД-19 по тестот во Мексико. Фудбалерот кој беше вакциниран нема симптоми и ќе биде изолиран во својата куќа“, се вели во соопштението на клубот.
Така, по случаите на Лоренцо Инсиње и Фабијан Руиз, случајот со Лозано ги зголемува проблемите за Лучијано Спалети. Тренерот нема да може да смета на нив за натпреварот со Јувентус кој треба да се одигра на 6 јануари, но се шпекулира дека може да биде одложен.
Инсиње, Руиз и Лозано се со КОВИД-19, Марио Руи е казнет, а Калид Кулибали, Виктор Осимен, Френк Замбо Ангиса и Адам Унас ќе одат на Африканскиот куп на нации.