Младиот напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе, вели дека нема шанси да заигра во екипата на Тотенхем. Со тоа практично става крај на сите шпекулации што го поврзуваа со екипата од Лондон.
„Сигурен сум дека Тотенхем ќе има добра сезона со Антонио Конте затоа што тој е одличен менаџер. Тоа е добро за нив, јас мислам дека никогаш во животот нема да играм за Тотенхем“ -изјави кратко Мбапе за „Си-Ен-Ен“.
Брзоногиот фудбалер најверојатно во летниот трансфер период ќе си замине од Франција и ќе се пресели во редовите на Реал Мадрид.

