Челниците на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, ја одбиле понудата на Валенсија за Ентони Марсијал кој неодамна побара да си замине од „Олд Трафорд“ во потрага за поголема минутажа.
Шпанците сакаат да го изнајмат Французинот до крајот на сезоната и да плаќаат половина од неговата плата, но, таа идеја не е прифатлива за „црвените ѓаволи“ кои сакаат веднаш да го продадат.
Напаѓачот во 2015 година го напушти Монако и се пресели во Премиер-лигата. Тој досега има одиграно 268 мечеви за Манчестер Јунајтед и постигнато 79 голови.

