Ливерпул синоќа претрпе пораз како гостин од Лестер со минимални 1-0, а менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп по мечот изјави дека поразот е потполно заслужен.
„Вечерва навистина не бевме свои. Мислам дека добро почнавме, но ни на почетокот не ми се допаѓаше 100 проценти интензитетот со кој игравме. Потоа го изгубивме ритамот и не можевме повеќе да го најдеме. Барем имавме моменти во кои можевме да одиграме многу подобро. На крајот, она што им го кажав на сите кои беа одговорни за настапот на Лестер вечерва, ова беше заслужена победа“.

