Авдил Салиху е прогласен за „Manager“ и „Matchmaker за 2021 година од страна на Професионалната боксерска федерација на Македонија „Про бокс Македонија“.

Овој успех Салиху го постигна сосема заслужено, затоа што со неговите боксери и посредувањата се појави на многу познати настани како во Германија, Швајцарија, Италија, Белгија, Косово и во некои други европски земји. Тој минатата година успеа да биде и промотор на два големи настани во Косово, каде неколку спортистите се закитија со титули. Меѓу титулите со кои посредувал и кои имаат посебна вредност во професионалниот бокс се WBC и IBF.

„По максималната работа на професионалните боксерски арени каде што неколкупати бев организатор на повеќе светски признати титули, денеска дојде и наградата од Професионалната боксерска федерација на Македонија, со пофалба за Менаџер и Мечмејкер за 2021 година. Голема благодарност до претседателот Дарко Чатлески од кој максимално ме поддржуваше од моите почетоци, благодарен сум и на моите соработници во светот. Моите планови се следната година да почнам да се организирам настани и во Македонија, каде што одредив неколку градови како Скопје, Штип, Кичево, а централниот ќе биде во прекрасниот град Струга каде што ќе се појават многу големи имиња во рингот“, изјави Авдил Салиху.


