Олимпискиот вице-шампион во теквондо, Дејан Георгиевски, доцна синоќа беше прогласен за најдобар спортист на Македонија за годинава што изминува од страна на Агенцијата за млади и спорт.
Признанието кај дамите, заврши во рацете на Мери Акиевска, која освои четири златни медали на светскиот шампионат. Борче Костовски го понесе признанието за најдобар тренер а Теквондо федерацијата за прв пат ја доби наградата.
Ракометарката на Металург, Ива Младеновска и каратистот, Столе Смилковски од Олимпик, се најдобри млади спортисти додека фудбалската репрезентација и кадетската женска ракометна селекција беа прогласени за најуспешни во нивните категории.

