Фудбалерите на Манчестер Сити со вчерашната победа на теренот на Брајтон направија големи осум бодови предност во одност на Челзи во трката за титулата во Премиер-лигата.
Тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола, вели дека има уште 54 бодови во игра и дека нема простор да се размислува за титулата ккао што наведуваат новинарите.
„ Има уште многу за игра и ништо не е решено. Челзи е европски шампион а Ливерпул е нашиот најголем ривал во последниве години. Ние сме на крајот на декември“ – потенцираше Шпанецот.
