Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, не крие дека е крајно разочаран по вчерашното реми со Брајтон на – „Стемфорд Бриџ“.
Клубот од Лондон имаше предност до 90-та минута, кога гостите успеаја среќно да изедначат и да ја спречат домашната екипа да се израдува на победа. Тоа на некој начин го налути тренерот на „сините“, Томас Тухел.
„Реми е фер резултат? Секако дека не. Имавме подобри шанси и чист пенал. Ова е многу разочарувачки и фрустрирачки. 100 проценти е пенал, прашајте го судијата“ – потенцираше Тухел.

