Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»МКТФ ги прогласи најдобрите во 2021 година
    Домашен микс

    МКТФ ги прогласи најдобрите во 2021 година

    risteBy riste31/12/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    МТКФ вчера на пригодна свеченост ги прогласи најдобрите Македонски каратисти во традиционално карате за 2021 година.

    Дејан Недев по 25-ти пат по ред беше прогласен за најдобар каратист кој оваа година освои две златни медали во кати на ЕК во Катовице, Полска и на ЕШ во Белград, Србија. Втор кај сениорите беше Спасе Стојанов државен првак во кати и освојувач на прво и второ место на меѓународните турнири во Босна и Словенија.

    Кај сениорките Јадранка Недева беше прогласена за најдобра каратистка која на ЕШ во Белград, Србија освои 4 златни медали во кати, ката тим, фукуго и кого кумите, второто место го совои Емилија Јанчевска која освои прво место во ката тим и второ место во кати поединечно на ЕШ во Белград.

    Победници во младинските категории се: Максимилијан Глигоров и Мила Саздова – младинци, Антонија Белазелкоска и Максим Илиев – јуниори, Мила Младеновска и Иван Трпковски – кадети 14-15 год. Матеј Мангаровски и Марта Димковска – деца 12-13 год. Лука Крстевски и Камелија Недев – деца 9-11 год. Филип Недев и Ели Василева – деца 6-8 год. Наградата за судии на годината им припадна на Ристо Сакалиев и Сашо Спасовски.

    За придонес во развојот на традиционалното карате во нашата држава, МТКФ ги награди министерот за здравство Венко Филипче, директорот на АМС Наумче Мојсовски, претседателот на МОК Даниел Димевски, како и повеќе компании.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.