Напаѓачот Алваро Мората сака наскоро да го напушти Јувентус, ова веќе го објавија неколку новинари кои ги следат трансферите во Италија.
Според истите, 29-годишниот Шпанец му рекол на Јувентус дека сака да го смени клубот за време на зимскиот преоден рок. Претходно се дозна дека Барселона е заинтересирана да го ангажира Мората.
Алваро Мората оваа сезона постигна три гола и асистираше на 15 натпревари во италијанскиот шампионат. Тој има и два гола и една асистенција на четири натпревари во Лигата на шампионите. Избраниците на Чави следниот натпревар против Мајорка ќе го одиграат на 2 јануари. Исто така на почетокот на годината Барселона ќе се сретне со Линарес (5 јануари) во Купот на Шпанија и Гранада (8 јануари) во првенството.

