Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Скот МекТоминеј, кој постигна гол на вчерашниот меч со Барнли, вели дека во првиот дел „црвените ѓаволи“ одиграле одлично додека во вториот го намалиле притисокот.
„Можеби првото полувреме беше најдоброто за Рангник. Бевме малку пасивни во вториот дел. Мораме да одржиме едно ниво во сите 90 минути„ – вели играчот на Манчестер Јунајтед.
„Учиме и се прилагодуваме. Мораме да се бориме, да трчаме, да создаваме позиции и да одиграме добро“ – изјави младиот фудбалер.