Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку ќе го пропушти дербито со Ливерпул. Белгискиот голгетер не беше вклучен во групата за денешниот натпревар, а
причина за тоа не е здравствен проблем или казна, туку лична одлука на Томас Тухел.
Пред само неколку дена во италијанските медиуми се појави интервју со Лукаку во кое Белгиецот остро го критикуваше тренерот на „сините“ и неговите методи на работа.

