Напаѓачот на Барселона, Лук де Јонг би можел кариерата да ја продолжи во Турција. За него се заинтересирани Бешикташ и Фенербахче.
Според „Мундо Депортиво“, самиот фудбалер се уште не одлучил дали ќе прифати ваков предизвик. Како што е познато, Де Јонг е во сопственост на Севиља, но пред почетокот на сезоната се пресели на позајмица во Барселона. Не успеа да се наметне во тимот, а по тренерската смена на „Камп Ноу“ стана јасно дека Чави Ернандез нема намера да смета на него. Де Јонг има можност и да ја заврши сезоната со трансфер во Кадиз. 31-годишниот Холанѓанец доби рок до денеска да му одговори на клубот од Андалузија, но тоа сигурно ќе биде негативно.
Од почетокот на сезоната, напаѓачот учествуваше на 12 натпревари во Ла Лига, на кои постигна гол само еднаш.

