Њукасл се договорил со Атлетико Мадрид за трансферот на Киран Трипие, информира Би-би-си. Зделката е вредна 12 милиони фунти (околу 14,4 милиони евра). Покрај тоа, платата на англискиот репрезентативец ќе биде највисока во „Сент Џејмс Парк“ – 100 илјади фунти неделно.
31-годишниот Трипие е тинејџер во Манчестер Сити, но се прослави во Барнли и Тотенхем пред да се пресели во Атлетико Мадрид. За репрезентацијата на Англија има 35 натпревари и еден гол.
Сопствениците на Њукасл се надеваат дека ќе направат уште најмалку три значајни трансфери во јануари, бидејќи сакаат тимот да го задржи својот елитен статус во Премиер лигата.