Дефанзивецот Самјуел Умтити се согласи да ја напушти Барселона во јануарскиот преоден рок и да замине на позајмица до крајот на сезоната без опција за откуп.
28-годишниот Французин сака да бид ево форма и да се бори за место во француската репрезентација во пресрет на Светското првенство во Катар оваа година. Приоритет на Умтити е клуб кој учествува во европските натпреварувања, по можност од Премиер лигата или Серија А.
Дефанзивецот одигра само еден натпревар оваа сезона во дресот на каталонците.

